Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да достгине до 17 степени.

 

 

Утре облачноста ќе се зголеми и ќе имаме услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен односно северозападен правец.

Максималната дневна температура утре ќе биде во опаѓање и нема да надмине осум степени.

 

 

Веќе во недела се очекува врнежите да престанат и да имаме сончево до умерено облачно време со максимални 11 степени.

 

 

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply