Во текот на денот се очекува уште една „тура“ развој на нестабилна, купесто- дождовна облачност од која очекуваме локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.
Можни се поинтензивни врнежи во западната и северната половина од земјата.Максималната температура ќе биде пониска од вчерашната и ќе има вредноссти во границите од 28°С до 30°С во котлините од источната област, како и долж повардарие. Максимална околу 27°С очекуваме во населените места од југозападниот крај.
Во наредните два слободни викенд денови се очекува генерална стабилизација на времето. Постои минимална веројатност за развој на слабо изразена нестабилна облачност само во крајниот планински југозападен регион. Се на се можеме слободно да кажеме дека низ земјава се очекува претежно сончево време со мала облачност.
Ветерот ќе биде претежно слаб. Само на моменти ќе има умерено зголемување на неговата брзина.
Температурата и двата дена ќе биде умерено висока. Во повардарскиот регион максималната ќе има вредности во дијапазонот од 28°С до 32°С, со тоа што недела ќе биде потопла во однос на сабота, но само за степен до два. Останатите региони очекуваат максимална температура околу 28°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.