Викенд прогноза за Куманово: Утринските температури сѐ уште во минус

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде со ведро и многу студено утро, а преку денот сончево, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти дури осум степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 4 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил во паркирани возила, па нападнал полицаец

Температурата во утринските часови ќе се движи околу -6 степени, а максималната дневна ќе се искачи до петиот степен во текот на денот.

 

 

Loading...

Во недела ќе имаме облачно време со слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи околу два степени во негатива, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 6 степени целзиусови.

 

 

Во понеделник ќе имаме дожд, а потоа дневните температури ќе станат двоцифрени.

Никола Ивановски