Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 9 степени, додека максималните дневни ќе бидат меѓу 15 и 27 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој исто така ќе достигнува брзина до 50 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 26 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме промнеливо облачно време со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.
Следната работна недела ќе започне со дожд, а максималните температури ќе бидат во опаѓање.
Никола Ивановски