Викенд прогноза за Куманово: Од дожд до сонце

Сподели со своите пријатели

Времето низ Македонија денеска ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималните температури ќе се движат од 14 до 25 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека максималната се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена откако во неа удрил велосипед

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу седум степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Сончево и топло време ќе имаме во недела кога ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура во недела ќе се спушти околу осмиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 24 степени целзиусови.

 

 

Високи дневни температури ќе се задржат и во текот на наредната работна недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист тешко повреден на патот кон ГП Белановце

Никола Ивановски

Loading...