ВИДЕО: „Ќе се вратам некој ден“ нова песна на Јанева

Сподели со своите пријатели

Поп-пејачката Александра Јанева, препознатлива по својот моќен вокал и фестивалските евергрини, објави нова песна насловена „Ќе се вратам некој ден“.

Loading...

Талентираната струмичанка за оваа песна изработи и спот. Проектот е во соработка со Панче Касапски (музика и текст), Огнен Неделковски (текст), Иле Спасев (аранжман и продукција) и Ѓорѓи Вацев (видео).

„Ќе се вратам некој ден“ Јанева ја промовираше на социјалните мрежи, каде веќе можат да се забележат коментари дека е објавен летниот хит за 2018.

Јанева на македонската публика и е позната преку шоуто за таленти „Сите наши песни“ на МРТ, но и по двете победи на „Макфест“, со песните „Врати ми го сонцето“ и „За сто години“.

Првиот милион на „YouTube“ го постигна со „Еве ме пак“, а на љубителите на македонската музика добропознати им се и „Бам, бам“ „Солза за крај“, „Најмило мое“, „Лош ден“, „Зошто баш ти“, „Спремна сум“, „Во твојот свет“.

Уживајте!

Leave a Reply