Вибер ги прекинува односите со Фејсбук: „Намерно и шокантно заминаа предалеку“

Сподели со своите пријатели

Ракутен (кој е сопственик на Вибер) и Фејсбук „завојуваа“ околу неколку работи, но накратко, вистинската причина лежи во фактот дека Вибер не се согласува со политиката што ја претставува Фејсбук и нивниот начин на деловно работење.

Loading...

Затоа, апликацијата ќе ги отстрани Facebook Connect, Facebook SDK и GIPHY, со суспендирање на закуп на рекламен простор на оваа платформа за социјално вмрежување, со што ќе се поддржи се поголемиот број #StopHateForProfit движење со цел да ја бојкотираат компанијата Facebook.

Facebook Messenger добива опција за препознавање лица

Како што објавија од „Вибер“, неколку работи ги поттикнале да ја донесат оваа одлука.

Прво, група од шест организации, вклучително и Лигата против презир и Националното здружение за напредок на луѓето во боја (НААЦП), апелираше до компаниите што се рекламираат на Фејсбук да го прекинат закупот на рекламирањето на оваа социјална мрежа во текот на месец јули, како одговор на недостаток на конкретни мерки и активности на компанијата за заштита на корисниците на платформата од говор на омраза.

Потоа, во прашање е и случајот со „Кембриџ аналитика“, кога се покажа дека Фејсбук нелегално собирал и користел податоци од скоро 87 милиони корисници на Фејсбук.

20.000 вработени во Facebook ќе можат да работат од дома засекогаш

„Компанијата, која се карактеризира со невнимателен став кон податоците на своите корисници и недостаток на приватност во нејзините апликации, а сега шокантното отсуство на неопходни мерки за заштита на јавноста од насилниот говор што се заканува на социјалниот ред и мир, отиде премногу далеку со овој последен испад“, рече Џамел Агауа. глобален извршен директор Вибер.

Loading...

Активностите што ќе резултираат со отстранување на точките за контакт со Фејсбук од апликацијата „Вибер“, ќе бидат завршени до почетокот на јули 2020 година, додека закупот на рекламен простор на оваа социјална мрежа ќе биде суспендиран веднаш, се вели во соопштението на Вибер.

Leave a Reply