Facebook Messenger добива опција за препознавање лица

Сподели со своите пријатели

Апликацијата за допишување на Фејсбук тестира нов начин за заштита на пораките и преписката.

Loading...

Така, корисниците на Facebook Messenger наскоро, најверојатно, ќе можат да користат биометриска технологија, т.е. Face ID или Touch ID (во зависност од уредот) како начин на заштита.

– Ние сакаме да им дадеме на корисниците повеќе избори и контрола за да можат да ги заштитат своите приватни пораки. Почнавме да ја тестираме функцијата што ви овозможува да ја отклучите апликацијата Messenger со подесувања на уредот – изјавија од Фејсбук.

Што носи новиот Android 11? (ВИДЕО)

Новата функција во моментов е во фаза на тестирање, а сè уште нема информации за тоа кога таа би можела да биде достапна за поширок опсег на корисници, пишува Убергизмо.

Поддршка за опциите за Face ID или Touch ID минатата година ја доби најпопуларната месинџер апликација во светот WhatsApp, која исто така е во сопственост на Facebook.

Leave a Reply