20.000 вработени во Facebook ќе можат да работат од дома засекогаш

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Закерберг очекува дека во следните десет години скоро 50 проценти од вработените во компанијата ќе ги извршуваат своите работни задачи од дома.

Loading...

Сепак, тој додаде дека платите ќе бидат намалени за вработените кои живеат во други делови на САД наместо Силициумската долина, каде трошоците за живот се пониски.

Facebook со алтернатива му стана конкурент на Zoom

„Плаќаме многу добро, во суштина најмногу на пазарот, но плаќаме по пазарни цени, кои се разликуваат од локацијата до локацијата, така што тој принцип ќе продолжи да се применува и во овој случај“, рече Цукерберг.

Во Фејсбук се вработени скоро 50.000 луѓе, а компанијата планира да изгради три нови регионални седишта во Атланта, Далас и Денвер за повремени собири на вработени кои живеат во близина на тие градови.

Facebook брише лажни вести за 5G мрежата, ограничувања и на Whatsapp

Според „Скај њуз“, сè уште не е познато каков финансиски ефект има компанијата за трансферот на голем број вработени на работа од дома.

Јасно е дека, покрај одредени заштеди кога станува збор за имот, храна и, потенцијално, заработка, треба да се земе предвид и обезбедувањето опрема потребна за таква работа, што може да испадне и скапо.

Loading...

Leave a Reply