Вештачка интелигенција стана водител на вестите во Кувајт (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сајтот „Kuwait News“ ја претстави Феда – презентер на вести генериран од вештачка интелигенција.

Loading...

Овој кувајтски медиум ветува дека во иднина нивниот водител ќе може да чита вести на социјалните мрежи, пишува Гардијан.

Кувајтскиот медиум Kuwait News (kuwaitnews.com) воведе виртуелен водител на вести создаден со употреба на вештачка интелигенција, со планови за читање вести објавени на страницата.

Во саботата, Феда се појави на Твитер профилот Kuwait News како слика на жена со непокриена коса, облечена во црна јакна и бела маица.

„Јас сум Феда, првата водителка во Кувајт која работи благодарение на вештачката интелигенција. Какви вести претпочитате? Ајде да го слушнеме вашето мислење“, рече таа на арапски.

Оваа страница инаку се поврзува со Кувајт Тајмс, кој е основан во 1961 година како прв дневен весник на англиски јазик во регионот на Персискиот залив.

Абдула Бофтен, заменик-главен уредник за двата медиума, рече дека тоа е тест за потенцијалот на вештачката интелигенција да понуди „нова и иновативна содржина“.

Во иднина, вели тој, Феда би можела да усвои кувајтски акцент и да чита вести на Твитер профилот на страницата, кој има 1,2 милиони следбеници.

Loading...

„Феда е популарно, старо кувајтско име кое се однесува на среброто… Ние секогаш замислуваме дека роботите се сребрени и металик, па ги споивме тие две работи“, објасни Бофтејн, наведувајќи како дошле до идеја да го именуваат овој водител.

Како што рече, русата коса и светлите очи на водителот ја одразуваат различноста на домородното население и имигрантите во земјата богата со нафта.

„Феда претставува сè“, додаде тој.

Првиот видео клип во траење од 13 секунди предизвика поплава од реакции на социјалните мрежи и секако коментираа и новинари.

Огромниот пораст на вештачката интелигенција на глобално ниво доведе до зголемени надежи дека тоа ќе им користи на луѓето, особено во областите како што е здравствената заштита.

Од друга страна, расте стравот од вештачка интелигенција и потенцијал за ширење дезинформации, како и губење на работни места и уметнички интегритет.

Гардијан додава дека Кувајт е рангиран на 158 место од 180 земји и територии во Индексот на слободата на печатот за 2022 година.

 

Loading...