Велика Британија цел на напад на Северна Кореја?

Сподели со своите пријатели

Британија мора без поколевање да се фати за работа поради заканата на Северна Кореја и таа земја да ја спречи во развојот на ракета која би можела да го погоди и Лондон, предупредува британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон.

Тој, во интервју за лондонскиот весник „Evening Standard“, истаканл дека севернокорејтските режими се голема закана и вистинска опасност за Британија.

– Британија е глобален играч. Британија никогаш нема да се колеба дали да се фати во борба со агресијата и заканите, рекол министерот.

Како наведува лондонскиот весник, двата брода на Кралскат аморнарица испловиле за да се придружат на операциите на американската флота и другите сојузници во тој регион.

Неколку часа откако Доналд Трамп предупреди на нуклеарна закана која ја претставува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Вилијамсон рекол дека тоа не е проблем само на САД, туку глобален, а Британија, како што вели, мора да преземе акција.

Министерот вели дека британските вооружени сили се проготвени да одговорат на евентуален терористички напад во Лондон или други делови на Британија при празничниот период.