Велевски и Стоилковиќ утре на ММА турнир во Србија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двајца членови на ММА Клубот Куманово 2006 утре ќе бидат дел од турнирот „GFC4“ кој ќе се одржи во Врање, Република Србија.

Loading...

На меѓународниот турнир боите на Куманово ќе ги бранат Милош Велевски во категорија -66 килограми професионална борба и Александар Стоилковиќ во категоријата до 84 килограми во полупрофесионална борба.

– Турнирот е доста квалитетен и содржаен, ќе се одржат вкупно 14 борби. Напорно се подготвуваме за овој турнир, подготвени сме, мотивирани и со нетрпениот го очекуваме почетокот на турнирот на кој ќе учествуваат доста квалитетни и еминентни натпреварувачи што ќе биде повтод да ги повикаме сите љубители на ММА спортот да дојдат и да уживаат во борбите, а воедно и да ги бодрат нашите натпреварувачи, вели тренерот и наставник по физичка култура Сашо Илиевки.

Турнирот започнува во утре во 19 часот, во спортската сала во Врање.

Leave a Reply