Четврток ќе започне со релативно пријатно утро.
Loading...
По нестабилната ноќ во делови од југот на земјава, утрово има мала облачност на север, а умерено до претежно облачно е на југот.
Денеска попладне и навечер повторно се очекува локална нестабилност, која ќе има локален и релативно краткотраен карактер.
Сепак интензитетот на врнежите и зачестеноста на грмежите можат да бидат поголеми, но во изолирани случаи.
Повторно, како и вчера, температура околу 36°С очекуваме во југоисточниот крај, околу 34°С во северниот регион и околу 31°С во поширокиот југозападен регион.