Вечерва свечено отворање на „Денови на комедија 2022“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Приватни животи“ на Грдски театар Винковци од Република Хрватска вечерва започнува 25то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Станува збор за претстава чиј режисер е Хрвоје Корбар, кој исто така има направено и адаптација на текстот. Во неа играт Владимир Андриќ, Катарина Бабан, Мартина Стјепановиќ Метер и Ведран Дакиќ.

Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи вечерва со почеток 20 часот и се очекува присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, градоначалникот Максим Димитриевски, како и неколку амбасадори во земјава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Пред почетокот на претставата ќе претходни свечен дел на кој ќе биде доделена наградата Лауреат на Денови на комедија, која годинава ќе ја добие Благоја Чоревски.

Фестивалот ќе трае заклучно 14 октомври до кога ќе бидат одиграни вкупно 12 театарски претстави.

Никола Ивановски