Судот на ЕУ одлучува за рекордна казна од 4,1 милијарди евра за Гугл

Сподели со своите пријатели

Судот на правдата на Европската унија денеска ќе одлучи дали ќе ја потврди рекордната казна од 4,1 милијарда евра, која Европската комисија му ја изрече на Google за антиконкурентни практики поврзани со оперативниот систем Андроид.

Ова е втор обид на американскиот технолошки гигант да ја оспори казната изречена од Европската комисија во 2018 година, која сè уште е најголемата антимонополска казна во историјата на Европската унија.

Европската комисија, како регулатор на конкуренцијата на ЕУ, го обвини Гугл дека ја злоупотребува популарноста на оперативниот систем Андроид за да ја ограничи конкуренцијата, пишува АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проектот на зетот на Трамп може да го загрози влезот на Албанија во ЕУ

Комисијата тогаш изјави дека Гугл вршел притисок врз производителите на телефони кои користат Андроид да го прединсталираат неговиот пребарувач и прелистувач Гугл Хром, што, според регулаторот, им го отежнувало пристапот на пазарот на конкурентските компании.

Затоа првично беше казнет со 4,3 милијарди евра.

Генералниот суд на Европската унија, вториот највисок суд во ЕУ, ги потврди наодите на Европската комисија во 2022 година, но малку ја намали казната на 4,1 милијарди евра, што останува најголемата казна што ЕУ ја изрече во еден антимонополски случај.

Google потоа поднесе нова жалба до Судот на правдата на ЕУ, тврдејќи дека случајот е неоснован и дека паричната казна всушност ги санкционира иновациите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пресврт во Германија: Ја враќаат обврската за резервистите и укинуваат едно правило

Компанијата претходно тврдеше дека ЕУ неправедно ги игнорирала деловните практики на Apple, кој исто така ги фаворизира сопствените услуги, како што е прелистувачот Safari на iPhone-ите.

Google исто така тврдеше дека корисниците на уредите со Android не биле принудени да ги користат неговите производи и дека конкурентните апликации може да се преземат многу лесно.