Во текот на вчерашниот ден на телефонскиот број во Регионалниот центар за управување со кризи било пријавено дека на улицата „Осоговска“ број 5 имало три паднати жици на патот.
Од страна на диспечерите во РЦУК веднаш биле известени во Трафостаница Куманово и Х.Центарот во Скопје за понатамошно постапување и санирање. Дефекти биле регистрирани во Старо Нагоричане, Драгоманце, Никуљане и Коинце. Електрична енергија немало и во ПЦ Табановце каде немало струја во кампот од 14:15 часот, а дефектот бил отстранет дури во 20:10 часот.
Во 19:30 часот во РЦУК било пријавено дека без електрична енергија се и неколку села во кумановско-липковскиот регион, и тоа: Матејче, Никуштак и Виштица, како и селата Опае, Ваксинце, Лојане, Бабин Дол и. Доброшане.
Засега нема информации дали овие дефекти се санирани во текот на ноќта.