Вчера неколку пожари низ Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

Неколку пожари гореле вчера на територијата на општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, но успешно се изгаснати.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, кумановските пожарникари дејствувале на опожарена сува трева во атарот на селото Пчиња во период од 13:05 до 13:30 часот.

Сува трева горела и меѓу липковските села Ваксинце и Слупчане, каде во период од 13:50 до 15:40 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Пожарникарите на ТППЕ Куманово помагале и во гаснење на пожарот во атарот на селото Жегљане во општината Старо Нагоричане каде горела сува трева, стрниште, драга и деградирана шума.

Во селото Оризаре во липковско гореле плевна и штала. Таму во период од 15:45 до 17:35 часот интервенирале шестмина пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот предизвикал голам материјална штета, помошните простории биле целосно уништени како и неколку грла крупен добиток (крави).

Полни раце работа имале и пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане. Таму во период од 12:15 до 13:40 часот било интервенирано во селото жегљане во маалото Рожарци каде гореле сува трева, стрниште, драка и деградирана шума.

Пожарот повторно се разгорел во истото село некаде околу 14:33 часот кога деветмина пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане излегле на терен, а им помогнала и една екипа од кумановската ТППЕ, како и вработени од Шумско стопанство Куманово, полицијата, вработени во општината и 50 мештани.

Пожарот бил локализиран во вечерните часови и околу 20:20 часот екипите се повлекле од терен.

Loading...

Никола Ивановски