ВАЖНО: Вонреден сообраќаен режим во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на наредниот период согласно со динамиката за реконструкција и рехабилитација на железничката пруга Куманово – Бељаковце ќе се извршуваат градежни работи во потесното градското подрачје. Станува  збор за сообраќајниците  улиците „Никола Тесла“ и „Доне Божинов“ во населба Средорек.

– Со цел да се избегнат потенцијални инциденти или било кој вид на несреќи на локалното население кое би се движело по овие сообраќајници, како и непречено извршување на градежните активности, согласно законската регулатива во Република Македонија сообраќајот ќе се одвива под посебен времен режим, кој, реализиран во оваа фаза, ќе вклучува пренасочување на цеколупниот сообраќај од улица „Никола Тесла“, поради нејзино времено затворање, информира Мери Цакиќ, проект асистент од компанијата „Х.Ф. Вибе“.

Официјално пренасочувањето на сообраќајот започна на 19.06.2018 година и ќе трае до завршувањето на градежните активности. Од понеделник, 25.06.2018 година ќе биде изработена дополнителна патека по која пешаците ќе можат безбедно да поминуваат заобиколувајќи го градилиштето.

Ова значи пренасочување на возилата кои пристигнуваат во градот од регионалните патишта Р178 од селата Лојане, Ваксинце и Речица и Р1104 од селата Долно и Горно Којнаре. Тие ќе бидат насочени кон магистралниот пат А2 Е871 односно Куманово – Крива Паланка со движење кон Крива Паланка преку патниот јазол (клучка) за приклучување кон регионалниот пат Р1204 (Куманово – Свети Николе) кон Свети Николе, а потоа исклучување на патниот јазол кај црквата „Св. Архангел Михаил“ и вклучување на улицата „Доне Божинов“ (улица 202), за да пристигнат кона автобуската станица и центарот на градот.

Со истата траекторија, но со обратна насока ќе треба да се движат и возилата кои сакаат од центарот на градот и автобуската станица да се движат кон погореспоменатите села и регионални патишта (Р178 од селата Лојане, Ваксинце и Речица) и Р1104 (од селата Горно и Долно Којнаре). Тие наместо да се движат по улицата „Никола Тесла“, ќе треба да се упатат по улицата „Доне Божинов“ до клучката кај црквата Св. „Архангел Михаил“ за да се приклучат на регионалниот пат Р1204 (Куманово – Свети Николе) кон Крива Паланка. Потоа, преку клучката за приклучување кон магистралниот пат А2 Е871 со движење кон автопатот Е75 (Белград – Скопје), се оди во саканите насоки.

Активностите ќе се одвиваат на одредена локација под и околу мостот на улицата „Никола Тесла“ што значи дека локалното население ќе има слободен пристап до своите домови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

Leave a Reply