Варшава: Големо труење со хлор на јавен базен, 21 лице во болница

Сподели со своите пријатели

На еден од јавните базени во населбата Тарговек во Варшава дошло до тешко труење со хлор, а од 23 лица кои пливале во базенот, 21 лице се пренесени во болница, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Според информациите, 17 лица се задржани на лекување.

На местото на настанот пристигнале полициски службеници, противпожарни екипи и екипи на итната медицинска помош.

Забележано е дека во моментот на хоспитализација сите повредени, вклучително и деца, со симптоми на труење со хлор биле свесни, пренесува ПАП.

Две лица и покрај симптомите на труење одбиле хоспитализација.

Како што неофицијално дознава ПАП, стандардното ниво на хлор во водата на базенот на дното било надминато десет пати, а на површината на водата повеќе од три пати.

Претставниците на спасувачките служби уверуваат дека локалните жители не се во животна опасност бидејќи не е пронајден хлор во воздухот.