Ванг: Америка нема надлежност да ја критикува посетата на Џинпинг на Русија

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен не е надлежен да го критикува кинескиот претседател Си Џинпинг за неговата посета на Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, пренесува ТАС С.

Loading...

Запрашан да ја коментира изјавата на Блинкен дека Кина ѝ обезбедила „дипломатско покривање“ на Русија, Ванг рече дека Кина не ја предизвикала украинската криза и не е страна во конфликтот.

„Никогаш не сме испорачале оружје на ниту една страна во конфликтот. САД немаат овластување да ја критикуваат Кина, а уште помалку да ја префрлат одговорноста за ситуацијата во Украина на неа“, рече Ванг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок ги тужеше САД поради законот што би можел да ја забрани платформата

Кинескиот дипломат потсети дека Пекинг се противи на какви било дејствија што би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и нагласи дека САД продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје, пренесува Танјуг.

„САД треба објективно да гледаат на напорите на Кина и меѓународната заедница за постигнување мирен дијалог“, заклучи Ванг.

Во понеделникот Блинкен, коментирајќи ја посетата на Си Џинпинг на Русија, истакна дека кинескиот лидер отишол во Москва „денови откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин“.

Според американскиот државен секретар, Кина „не чувствува одговорност“ и „дава дипломатско покривање на Русија“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...