Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум, ги прокоментира гласините за интересот од Барселона во изминатиот преоден рок.
Loading...
– Не мислам дека сè беше сериозно, инаку ќе имаше понуда. Немаше ништо конкретно. Очигледно, ќе останам во Ливерпул. Мојот договор со клубот важи уште 10 месеци, но тоа може да се промени. Во фудбалот, никогаш не знаете што ќе се случи, изјави Вајналдум за „Скај Спорт“.
Во сезоната 2020/21, Вијналдум одигра шест натпревари.
Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува 29-годишниот Холанѓанец на 40 милиони евра.
Зоран Стерјовски