Вагнер или руската војска: Кој го зазеде Соледар?

Сподели со своите пријатели

Руската група „Вагнер“ објави видео на „Телеграм“ во кое ги негира тврдењата на руското Министерство за одбрана дека руските воени сили учествувале во нападот на Соледар.

Loading...

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, рече дека само неговите борци се одговорни за операцијата Соледар, што е спротивно на изјавата на руското министерство.

На објавеното видео се гледаат двајца мажи кои носат маски во просторија која личи на подземен бункер, пишува CNN.

„Ние сме офицери на Воздухопловните сили. Изјавуваме дека Воздухопловните сили не учествувале во нападот на градот Соледар. Нападот на Соледар го извршија исклучиво борци на групата на Вагнер. Не бевме ни упатени во таа насока“, рече еден од мажите на видеото.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.