Вагнер го зазеде градот Воронеж

Сподели со своите пријатели

Борците на Вагнер ја презедоа контролата над сите воени објекти во рускиот град Воронеж.

Loading...

Воронеж се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.

Во своето обраќање до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин рече дека потегот на паравоениот лидер Евгениј Пригожин е „криминална авантуристичка кампања и предавство“ и дека Русија ќе се брани.

„Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на нашите граѓани и за нашиот територијален интегритет. Ова е предавство“, рече Путин во обраќањето до јавноста.

Како што јави Јутарњи лист, руското Министерство за одбрана им соопштило на борците на Вагнер дека биле измамени и вовлечени во „криминална авантура“.

Исто така, еден од највисоките руски воени команданти, Сергеј Суровикин, ги повика Вагнерците да ја почитуваат волјата и наредбите на претседателот Путин.

„Заедно со вас поминавме низ тешко, напорно патување, заедно се боревме, ризикувавме, загубивме и заедно победивме. Ние сме од иста крв, ние сме воини. Ве повикувам да престанете. Непријателот само чека да ни се влоши внатрешно-политичката ситуација. Не смееме да играме во рацете на непријателот во овој тежок момент за државата. Пред да биде доцна, мораме да направиме нешто, мораме да ја послушаме волјата и наредбата на претседателот избран од народот и сите проблеми ќе ги решиме по мирен пат“, рече Суровикин.

Да потсетиме, Кремљ ги негираше тврдењата на Пригожин, а исто така побара Вагнер веднаш да престане со нејзините „незаконски дејствија“.

Loading...

Русија отвори кривична истрага против водачот на озлогласената паравоена група под обвинение дека повикувал на воен удар.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.