Првото рочиште за случајот „Диво насеље“ ќе започне утре во Основниот суд Скопје против 29 обвинети за тероризам кои претходно во целокупната постапка се изјаснуваа како невини.
Истите според обвинителниот акт ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
Инаку во текот на минатата година на 9-ти и 10-ти мај вооружената група се судри со безбедносните сили на Република Македонија во кумановската населба Тоде Мендол кога осум полициски службеници ги загубија своите животи, а над 30 завршија со повреди.