Утре пошумување на Менкова колиба

Сподели со своите пријатели

Здружението на планинари и заштита на планината „Козјак 2013“ од Куманово утре, организира пошумување на месноста „Менкова Колиба” во склоп на проектот „Планинарска инфраструктура – основа за туризам и здрави навики”.

Loading...

– Пошумувањето ќе се одвива на веќе подготвен терен, но сепак ќе треба да се понесат основни алати како ашов или копач со цел полесно да се одвива пошумувањето, нагласуваат од здружението.

За сите кои не се во можност да дојдат со сопствени возила, ќе има организиран бесплатен превоз до местото, а исто така и освежувања за време на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

– Повелете со цел да креираме што поголема зелена површина во околината на нашиот град и со тоа да дадеме допринос во борба против аеро загадувањето и глобалното затоплување. Со секое засадено дрво директно се допринесува и за по убава и по зелена иднина.

Поаѓање со организиран превоз од локалитет „Жмара“ во 09:00 или кај автобуската постојка Соколана во 09:10.

Заинтересираните може да се пријават на следниот ЛИНК.