Утре истекува рокот за поднесување годишни даночни пријави, а од Управата за јавни приходи апелираат и ги повикуваат граѓаните да ги пријват своите приходи кои ги оствариле во изминатата година, во спротивно ќе следуваат казни.
Годишна даночна пријава задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.
Годишна даночна пријава треба да се поднесе и за лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација, приходи остварени преку интернет како е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни на пример, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи надвор од редовнаta плата или пензија.