Утре без струја повеќе делови на кумановско

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови на Куманово и околината утре ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 09:00 до 09:30 часот прекини ќе има кај корисниците од населбата Вера Которка, селото Проевце и населбата Зелен рид, како и повеќе компании кои се наоѓаа во индустриската зона Доброшане.

Без напојување во период од 08:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од селата Бељаковце, Јачинце, Довезенце и Стрезовце.

Од 09:00 до 11:00 часот прекини се најавени за улицата „Лесковачка“ поточно пекарницата „Ѓоше“ и околните згради.

Во период од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Пиринска Македонија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Никола Ивановски