Делови на Куманово утре ќе останат привремено без електрична енергија поради најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи од 07:00 без напојување ќе бидат корисниците од населбата Јане Сандански, градските гробишта, населбата Зелен рид, како и индустриските капацитети „Куљар“, „Махагони“, „Финланд“, „Топ Спин“, „Кејп Поинт“, „Екстра Меин“, „Џино“, „Брзи Комерц“ и „Оли Оникс“.
Од 07:30 до 08:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Доброшане и дел од тамошната индустриска зона.
Никола Ивановски