Утре Бадникова поворка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со почеток од 10 часот утре ќе се одржи Бадникова поворка во Куманово, информираат од истоименото здружение.

Loading...

Збирното место ќе биде пред Соборниот храм „Свети Никола“ од 10:00 до 10:30 часот.

Поворката потоа ќе продолжи низ неколку улици во централното градско подрачје и се очекува околу 11 часот да заврши со настан на градскиот плоштад.

Од здружението ги повикуваат сите православни христијани да земат учество на овој настан кој го најавува Исусовото раѓање.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа