Усвоен закон за затворање на Црвениот крст во Никарагва

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Никарагва донесе закон за затворање на Црвениот крст во таа земја.

Loading...

Пратениците гласаа за затворање на Црвениот крст, обвинувајќи го за напади врз мирот и стабилноста за време на антивладините демонстрации во 2018 година, пренесува АП.

Според новиот закон, имотот на Црвениот крст ќе биде конфискуван и предаден на владата, а на хуманитарната организација и е наредено да создаде „нов Црвен крст на Никарагва“.

Од друга страна, од Црвениот крст велат дека помогнале само во лекувањето на повредените демонстранти за време на протестот.

Групите за човекови права проценуваат дека за време на протестите во 2018 година, 355 луѓе загинале, а дури 2.000 биле повредени.

Оттогаш, властите ја затворија или протераа речиси целата опозиција во земјата и затворија повеќе од 3.000 граѓански групи и невладини организации.

Владата на Даниел Ортега затвори организации кои се движат од коњанички центар до Никарагванската академија за литература, основана пред 94 години.

Ортега ги обвини граѓанските групи и опозициските активисти дека работат за странски интереси и се обидуваат да ја соборат неговата влада.

Loading...

Минатиот месец Ватикан ја затвори својата амбасада во Никарагва откако владата на земјата предложи прекин на дипломатските односи.