Уште три брода со жито испловија од украинските пристаништа

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека три брода со вкупно 58.000 тони пченка тргнале од украинските пристаништа за Турција, Велика Британија и Ирска, јавува Anadolu Agency (AA).

Loading...

Првиот брод „Навист“ под знаме на Панама, исплови од пристаништето Одеса за Ирска со 33.000 тони жито, се наведува во соопштението на министерството.

Бродот ќе биде подложен на инспекција во Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул пред да го продолжи своето патување до крајната дестинација.

Вториот брод „Ројен“ под знаме на Малта го напушти пристаништето во Черноморск со 13.000 тони жито, а неговата крајна дестинација е Велика Британија, соопшти Министерството, додавајќи дека го следи Заедничкиот координативен центар.

Третиот брод „Поларнет“, брод под знаме на Турција, кој чекаше во пристаништето во Черноморск, вплови во пристаништето Караса во северозападна Турција.

Бродот, кој превезува 12.000 тони жито, ќе го прегледа заедничка екипа во Истанбул.

Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа по одредени проверки во турската метропола го продолжи патувањето од Истанбул до Либан. Бродот под знамето на Сиера Леоне бил натоварен со пченка.

Со посредство на Турција и ОН, Украина и Русија на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од пристаништата на Црното Море.

Loading...

Согласно договорот, формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништата, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.

Турција, пофалена од меѓународната заедница за нејзината посредничка улога, го координираше со Москва и Киев отворањето на коридорот од украинскиот пристанишен град Одеса за обновување на глобалните испораки на жито, кои беа запрени од руско-украинската војна од 24 февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.