Уште една земја ги прекина сите дипломатски односи со Израел

Сподели со своите пријатели

Белизе денеска објави дека ги прекинува дипломатските односи со Израел поради неговата офанзива во Појасот Газа.

Loading...

„Владата на Белизе ја повлекува акредитацијата на израелскиот амбасадор во Белмопан и ги суспендира сите активности на својот претставник во Израел“, соопштија локалните власти, најавувајќи дека одлуката ќе стапи на сила „веднаш“.

Така, малата централноамериканска земја стана втората латиноамериканска земја што ги прекина врските со Израел, откако Боливија го стори тоа на 1 ноември.

Колумбија, Чиле и Хондурас ги поканија своите амбасадори во Израел на консултации.