Уште еден жешок и спарен ден во Македонија

Сподели со своите пријатели

Во вторник само малку ќе „попушти“ жешкото време, и тоа во северната половина од земјата. Во овој регион максималната температура ќе има вредности околу 37°С.

Loading...

Остануваат максималните вредности на температурата околу 39°С во југоисточниот крај. Југозападниот крај очекува максимална температура во дијапазонот од 33°С до 35°С.

Максималната температура во котлините од северниот регион ќе имаат вредност околу 37°С. На југоисток повторно жешко, околу 39°С, но не над 40°С. Пелагонија очекува максомана околу 36°С, а охридски-преспанскиот карај околу 34°С.

Претпладне и околу пладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

УВ индекс: 9