Уште денес дожд – од утре сонце и топло време

Сподели со своите пријатели

Првото јулско утро е претежно облачно низ земјава. Оваа облачност утринава има потенцијал за слаб дожд во крајните јужни делови од земјава.

Loading...

Денешнотот попладне повторно носи нестабилно време, и повторно со акцент во југоисточниот регион. Повремен дожд проследен со грмежи се очекува и во југозападниот и североисточниот крај.

Во текот на вечерта се очекува постепено разведрување, со прогресија од северозапад.

Највисоката дневна температура долж вардарскиот тек и во котлините од источниот крај ќе има вредност помеѓу 27°С и 29°С. Температура околу 24°С, очекуваме во пелагонискиот и охридско-преспанскиот крај.

Од утре, четврток, се очекува потопло и суво време, а максималната температура ќе има вредности помеѓу 28°С и 32°С.