Ураганот Берил зајакна до „потенцијално катастрофален“: Населението евакуирано

Сподели со своите пријатели

Ураганот Берил, кој ги погоди Карибите, денеска зајакна во „потенцијално катастрофален“ ураган од петта категорија, предупреди американскиот Национален центар за урагани (NHC).

Loading...

Ураганот продолжи да се движи кон Јамајка.

„Берил сега е потенцијално катастрофален ураган од петта категорија“, се вели во извештајот на NHC.

Ураганот треба да стигне до Јамајка во среда.

Ураганот, кој вчера беше од категорија 4, ја погоди островската држава Гренада со „разорни“ ветрови до 240 километри на час.

Населението беше евакуирано, но властите рекоа дека се уште не можат со сигурност да кажат дека никој не е повреден.

 

Loading...