УНИЦЕФ: Поради војната во Украина и инфлацијата, бројот на сиромашни деца се зголеми за 4 милиони

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина и зголемената инфлација доведоа уште четири милиони деца низ Источна Европа и Централна Азија во сиромаштија, објави УНИЦЕФ.

Loading...

Тоа е зголемување од 19 отсто во однос на 2021 година и покажува дека децата „го носат најтешкиот товар“ од конфликтот, соопшти УНИЦЕФ.

Студијата опфати податоци од 22 земји во регионот. Влијанието на војната беше особено тешко за децата во Русија и Украина.

Во Русија, дополнителни 2,8 милиони деца живеат во домаќинства под прагот на сиромаштија, во Украина дополнителни половина милион деца, а потоа следи Романија со дополнителни 110.000 деца, според студијата.

Социјална поддршка

Дополнителни 4.500 деца би можеле да умрат пред нивниот прв роденден, предупреди УНИЦЕФ.

Регионалниот директор за Европа и Централна Азија Афшан Кан рече дека економските последици од војната имаат разорно влијание врз децата.

„Ако не ги поддржиме овие деца и семејства сега, наглото зголемување на детската сиромаштија речиси сигурно ќе резултира со изгубени животи, пропуштено образование и изгубена иднина“, предупреди тој.

Едно од три деца родено и израснато во сиромаштија ќе ја живее својата зрелост во сиромаштија, што ќе доведе до меѓугенерациски циклус на тешкотии и сиромаштија, се додава во студијата.

Loading...

„Мораме да ја заштитиме и прошириме социјалната поддршка за ранливите семејства пред да се влоши ситуацијата“, рече Кан.