УНИЦЕФ: Над 400.000 деца се раселени во Либан во последните три недели

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 400.000 деца во Либан се раселени во изминатите три недели, изјави висок претставник на УНИЦЕФ, предупредувајќи на „изгубената генерација“ во малата земја која се соочува со повеќе кризи и сега е вовлечена во војна.

Loading...

Израел ја засили својата кампања против милитантната група Хезболах со седиште во Либан, вклучително и копнена инвазија по размената на оган со проиранската милитантна група за време на војната со Хамас во Појасот Газа, пренесува АП.

Борбите во Либан принудија 1,2 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, а повеќето од нив побегнаа во Бејрут или северниот дел на земјата во последните три недели на ескалација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО: Израел уби 11 лица во Либан, Хезболах нападна израелска позиција

Тед Чајбан, заменик-извршен директор за хуманитарна акција на УНИЦЕФ, ги посети училиштата кои се претворени во засолништа за раселените семејства.

„Она што ме шокираше е тоа што оваа тринеделна војна погоди толку голем број деца. Додека седиме овде, 1,2 милиони деца се лишени од образование. Либанските јавни училишта или станаа недостапни, или беа оштетени од војна или се користат како засолништа. Последното нешто што ѝ треба на оваа земја, по се што помина, е ризикот да изгуби неколку генерации“, рече Чајбан.

Иако некои приватни училишта во Либан се сè уште отворени, јавниот образовен систем е сериозно погоден од војната, заедно со најранливите групи во земјата, како што се палестинските и сириските бегалци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО: Израел уби 11 лица во Либан, Хезболах нападна израелска позиција