Видеото во кое јасно гледа како унгарска новинарка намерно сопнува бегалец со дете, стана вирално откако осуда за таквиот чин пристигна од сите страни на светот.
Loading...
Нејзиниот неморален и нечовечен чин, многумина го оценија како фашизоиден чин, со оглед дека Унгарија е една од државите која прва се спротистави на бранот бегалци од Блискиот Исток со поставување бодликава жица на границата со Србија.
Моментот на сопнувањето го снимила Телевизијата N1TV кога сириските бегалци се дале во бекство од полицијата. Новинарката по име Петра Ласло, наводно по оваа случка добила отказ.
На интернет се појавија и нови снимки кои покажуваат како Петра удира и други бегалци со нозете.
Фото: Ројтерс