УНЕСКО: Секое трето училиште нема пристап до вода за пиење

Сподели со своите пријатели

Скоро секое трето училиште во светот нема пристап до чиста вода за пиење и основни санитарни услови, според Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Loading...

Учениците подобро учат во безбедни и здрави училишта, изјави директорката на УНЕСКО Одри Азулеј.

Сепак, многу училишта сè уште ги немаат капацитетите потребни за здравјето на учениците, рече таа.

Затоа УНЕСКО апелира до меѓународната заедница да ги поддржи земјите кои не можат да обезбедат такви услови.

Според податоците, скоро 584 милиони деца во моментов имаат само ограничен или никаков пристап до чиста вода за пиење и санитарни установи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Околу 40 отсто од нив живеат во субсахарска Африка.

УНЕСКО наведува дека мерките за здравјето и исхраната на учениците доведуваат до тоа децата почесто да доаѓаат на училиште и да престојуваат таму.

Само редовните оброци во училиштата веќе ја зголемија стапката на упис во училиштата за 9 проценти.

Loading...