Амбасадорот на Кралството Јапонија, Макото Такетоши со својата сопруга и Луиза Винтон, постојат претставник на УНДП за Македонија денеска се во работна посета на Општина Куманово, во чии рамки донираа 100 контејнери и финансиски средства за набавка на автосмеќар за Јавнтоо претрпиајтие „Чистота и зеленило“.
Loading...
[huge_it_gallery id=”332″]
Донацијата се однесува на помошта која Јапонија ја пружа на Република Македонија со цел полесно справување со бегалската криза која што ја зафати државата, а пред се Гевгелија и Куманово, како прва односно последна точка на транзитната рута на бегалците низ нашата држава.
Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека му е посебна чест за прв пат да ги рпечека гостите од Јапонија кои се добронамерници на нашиот град.
Денеска ги добивме контејнерите, тоа се 100 контејнери и 10 корпи кои че бидат 50 лоцирани, а 50 резерва за регионот табановце и едно возило смеќар за 10 кубни метри смет. Уплатени се парите на сметка на Општина Куманово, возилото е изберено и овие денови ќе биде донесено и регистрирано – изјави Дамјановски.
Тој се зблагодари во името на граѓаните и се присети на моментите кога јапонската влада во 2001-ва година донираше за Куманово по завршување на воениот конфликт, како и по катастрофалниот земјотрес од 63-та година.
Кога ќе се собере целокупниот придонес на јапонската влада, како што истакна Луиза Винтон, во однос на бегалската криза износот изнесува 3,6 милиони денари.
Не само што ја почувствувавме помошта што ја дадода Јапонците, туку исто така и емпатијата, чувството што го споделува јапонскиот народ, бидејќи пред малку јапонскиот амбасадор го сподели нивното искуство од состојбите со кои се справуваа пред пет години за време на големиот земјотрес кој се случи во Јапонија. Мило ми е што можам да кажам дека УНДП од јапонската влада доби 2.225.000 долари, токму да се осврнеме на овие заеднички потреби и земјите домаќини на оваа криза, а тука пред се мислам на Куманово, Гевгелија, како и Табановце како дел од Општина Куманово – изјави Луиза Винтон.
Амбасадорот Такетошо истакна дека она што Јапонија може да го направи за Куманово е доста ограничено, но се надева дека донацијата ќе помогне на градот.
Ова е прв пат да го посетам Куманово на овој прекрасен, топол, пролетен ден. Мојата порака е порака на солидарност во рамките на меѓународната заедница бидејќи треба да им помогнеме на овие луѓе кои навистина страдаат во оваа ситуација и бевме во псоета на транзитниот центар на Табановце и сметам дека тоа не е транзитен центар веќе затоа што луѓето таму се повеќе од 45 дена така да сметам дека е време да најдеме соодветно решение за нивните проблеми – рече Макото Такетоши, Амбасадор на Кралството Јапонија.
Loading...
Благодарност во име на вработените на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ до јапонските власти испрати и директорот Сашо Петрушевски.
Еден дел од контејнерите ќе ги транспортираме веќе утре според потребите на центарот, а вториот дел ќе го употребиме во централното градско подрачје каде дел од контејнерите кои веќе се стари и сикршени ќе ги замениме и обновиме и тоа една помош за целиот град. Соочени со бегалската криза три пати на ден одиме во кампот на Табановце и овој автосмеќар ќе ни ја олесни значително работата – изјави Петрушевски.
Инаку јапонските претставници и Луиза Винтон претходно беа во посета на Транзитниот центар на Табановце каде лично се запознаа со условите во кампот.