Општина Куманово ги информира граѓаните од улицата „Србо Томовиќ„ кои имаат стари хаварисани возила оставени на јавните површини (тротоари) во рок од 24 часа сами да ги отстранат, поради изградба на тротоари на оваа улица.
Loading...
Доколку не го извршат истото, комуналната инспекција од Општина Куманово ќе пристапи кон отстранување на истите на локација на улица “Доне Божинов” – Депо за привремено одземени возила со кое стопанисува ЈП „Чистота и Зеленило”.
Трошоците кои ќе настапат при отстранувањето ќе бидат на сметка на сопственикот на хаварисаните возила.