Пијан и без возачка дозвола, затвореник кој бил на отсуство не размислувал многу па украл камионетка ис едналз ад воланот за да на време се врати во затворот во Верзја, близу Париз, објавуваат полициските извори.
Во блиската општина Вирофлај, еден доставувач го паркирал своето возило и поради невнимание во него ги оставил клучевите, што го забележал 29-годишникот кој во затвор од полуотворен тип служи казна изречена за прекршок со дрога.
Скокнал во камионетката за да што побрзо се врати во затвор, во кој стигнал на време, но го стигнала и полицијата.
Пијаниот затвореник прилично се брзал па го оштетил возилото и го скршил ретровизорот.
Попат украл документи од доставувачот кои го пронашол во камионетката, а кога го прашале што бара кај него личната карта на доставувачот, рекол дека тоа му е работодавач.
Image by Marcello Rabozzi from Pixabay