Претприемачки настроен крадец во Источна Кина во текот на ноќта украл 800 метри бетонски пат, а жителите на селото Санкеш во провинцијата Џангсу во чудо забележале дека им недостасува половина пат, но отпрвин мислеле дека се реновира.
По пријавување во полицијата, меѓутоа, сфатиле дека не се работи за планирани зафати, туку за несекојдневна кражба, пренесуваат кинеските медиуми.
Loading...
Полицијата наскоро човекот го идентификувала како Жу, а тој изнајмил копачи и со помош на пар машини искорнал бетонски пат и го пренел до блиската фабрика за производство на градежните материјали.
Ако сето тоа не е доволно чудно, треба да знаете дека Жу цели 500 тони материјал подал за 795 долари (5.000 јуани).
Жу својата постапка ја правдал дека тоа е добра бизнис прилика, со тоа што бил изграден нов пат, а овој ретко кој го користел.