Украинските трупи осум пати побројни во контраофанзивата

Сподели со своите пријатели

Претставник на проруските власти во регионот Харков денеска изјави дека украинските сили се осум пати побројни од руските и проруските сили за време на контраофанзивата во таа област, која Украинците ја започнаа минатата недела.

Loading...

Говорејќи за рускиот ТВ канал „Русија-24“, Виталиј Ганчев рече дека украинските сили ги вратиле населбите кои биле под руска контрола во северниот дел на регионот Харков и дека околу 5.000 цивили се евакуирани во Русија, пренесе Ројтерс.

Во меѓувреме, Кирил Стремусов, еден од проруските функционери на Херсон, на југот на Украина, град кој исто така е под руска контрола, утринава преку Телеграм објави дека се „збунети од ситуацијата на северот“ каде руските загуби биле пријавени и дека Херсон нема да падне.

„Во однос на ситуацијата во регионот Харков, многумина од нас се збунети од моменталната ситуација. Времето ќе стави се на свое место и секако ќе добиеме одговори на нашите прашања. Во градот Керсон сè е мирно и нема паника “, напиша Стремусов.