Украинските трупи гранатираа мост на Днепар

Сподели со своите пријатели

Украинските војници извршија нов ракетен напад на мостот Антоновски преку Днепар кај Херсон, а дејствуваше и рускиот противвоздушен систем, изјави денеска заменик-шефот на администрацијата на Херсонската област Кирил Стремусов.

Loading...

Тој за РИА Новости изјави дека нападот бил одбиен и дека мостот останал недопрен.

Мостот Антоновски е единствениот преку Днепар во Херсон и го поврзува тој град со левиот брег на Днепар, особено со градот Аљоша.

Во текот на летото, мостот беше гранатиран неколку пати, а привремената управа на регионот Херсон објави дека гранатирањето е извршено од американски повеќецевни ракетни системи ХИМАРС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британското разузнавање: Русија се соочува со дилема

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.