Украински разузнавачи по експлозиите: Кримскиот мост е непотребна градба

Сподели со своите пријатели

Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка служба, одби да ги коментира експлозиите на мостот на Крим утринава.

Loading...

„Можам само да го цитирам директорот на воената разузнавачка служба Кирил Буданов, кој рече дека мостот на Крим е непотребна градба“, рече Јусов.

Мостот Крим, клучната линија за снабдување на руските сили во Украина, е оштетен утринава во „вонредна“ ситуација во која загинаа две лица, а едно дете беше повредено, соопштија руските власти, а украинските медиуми јавуваат за експлозии на мостот.

Сообраќајот беше запрен на мостот што Русија го изгради за да ја поврзе нејзината територија со полуостровот Крим, кој Москва го зазеде во 2014 година, соопштија руските власти.

Видеото на Ројтерс покажува мост без сообраќај.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.