Украинската армија тврди дека имала успешни операции на брегот на Днепар

Сподели со своите пријатели

Украинската армија денеска соопшти дека извршила „серија успешни“ операции на левиот брег на реката Днепар, кој беше окупиран од руските сили на југот на земјата.

Loading...

„Украинските одбранбени сили извршија серија успешни акции на левиот брег на реката Днепар“ во регионот Херсон (југ), објави командата на украинската морнарица на Фејсбук, без да даде други детали.

Украинците неодамна успеаја да воспостават позиции на левиот брег на реката Днепар во делот на Херсонската област што беше окупирана од руската армија.

Украинската војска се надева дека ќе започне поголема офанзива за да ги пробие руските линии на фронтот, кои се спротивставуваат на контраофанзивата започната во јуни.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.