Украинска пратеничка: Дури и наша ракета да паднала врз Полска, се бориме

Сподели со своите пријатели

Дури и ако се работи за украинска ракета која требала да пресретне руски ракети, тоа е резултат на нашиот обид да ги одбраниме нашите животи, изјави украинската пратеничка Кира Рудик за Sky News.

Loading...

„Не треба да заборавиме дека сето ова е резултат на руските напади врз нашата земја“, додаде таа.

Министерството за надворешни работи на Полска синоќа соопшти дека во полското село Пржеводов, во близина на границата со Украина, паднала ракета од руско производство.

Во експлозијата загинаа две лица.

Рудик вели дека најдобриот одговор би бил да и се дадат на Украина борбени авиони и напредни системи за воздушна одбрана.

„Значи, ако се работи за грешка или инцидент со такво оружје, нема да можеме да го повториме“, рече Рудик.

Таа рече дека вчера над 100 проектили паднале врз Украина и дека повеќе од 50 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е веќе уништена.

„Она што се случува во моментов е дека се бориме за опстанок. Се трудиме да останеме живи, да постоиме“, заклучи Рудик.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.