Градоначалникот на окупираната област Херсон, кој беше назначен од Русија, тврди дека Украинците се „повредиле себеси“ со уништување на браната Нова Каховка и хидроцентрала покрај реката Днепар, пренесува Си-Ен-Ен.
И Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за пробивање на браната.
Си-Ен-Ен не можеше да утврди што го предизвикало уривањето на браната и останува нејасно дали браната била намерно нападната или уривањето е резултат на структурен дефект.
Говорејќи на руската државна телевизија, Владимир Салдо рече дека руската војска ќе има корист од инцидентот.
„Од воена гледна точка, оперативно-тактичката ситуација сега е во корист на нашите вооружени сили, вооружените сили на Руската Федерација“, рече тој и додаде дека тоа е спротивно на „очекувањата дека минирањето на браната ќе даде некаква стратешка или дури оперативна предност за силите на вооружените сили на Украина“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија сноси „кривична одговорност“ и дека украинските обвинители го истражуваат инцидентот како случај на „екоцид“.
Салдо понатаму тврди дека според „прелиминарните прогнози“ меѓу 22.000 и 40.000 луѓе биле во зоната на катастрофата.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.