Украинците се обидуваат да навлезат во регионот на Белгород?

Сподели со своите пријатели

Русија ја обвини Украина дека се обидува да го освои Белгородскиот регион.

Loading...

„Украинските сили можеби се обидуваат да ја пробијат границата во руската област Белгород“, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

Киев сè уште не ги коментирал овие наводи на руските лидери, пишува Киев Индипендент.

Да потсетиме, на 6 август Украинците успеаја да упаднат во Курската област, бидејќи борбите се во континуитет.

Регионот Белгород се наоѓа помеѓу регионите Курск и Воронеж во Русија и се граничи со регионите Суми, Харков и Луганск во Украина.